По повод 22 Април- Светскиот ден на планетата Земја, како и Светскиот ден на акција, нашето училиште повторно се вклучи во низата активности и го прослави и овој ден. Во акцијата учествуваа ученици од VI до VIIIодделение. Учениците од VI и VII одделение собираа отпад од училишниот двор,Учениците од VIIIодд. засадуваа цвеќиња, со кои хортикултурно ќе се доуредат некои катчиња од нашето училиште.